Премногу сум го изложил на ризик своето семејство, децата, суштината на нејзината мисија во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пребрзо сум се препуштил на ризикот да излезам од помирливата егзилска судбина и сум станал дури и амбасадор како туѓинец на земја што повеќе не постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како што беше можеби нужно некогаш моето внимание за да ја разберам докрај нејзината мисија да ми пишува, така и мене ми е нужно овојпат, почитуван читателе твоето внимание во потрагата по Елен Лејбовиц!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Продолжуваше да говори дека нејзината мисија, која ѝ ја доверил Севишниот, не беше завршена, макар што ние, децата, веќе бевме излезени на своите патишта од животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вака го започнува Луан Старова своето портретирање на мајката Ервехе, таа сеприсутна и божествена жена, претставена во лик на неопходна реалност – на учесник, директен и индиректен во балканската историја, посебно во еден посложен албанско-македонски контекст, во кој е поставена и мошне сложената задача на авторовото белетристичко коментирање на нејзината мисија и стратегија на спас на нејзината семејна егзистенција и среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)