Штом се разбуди, нејзиното однесување се промени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Поправилно, хардверот, заедно со програмот наполнет во неговата меморија, станува нова машина, така што нејзиното однесување е определено повеќе од софтверот отколку од соголените електронски кола.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За мене нејзиното однесување во мојот дом не беше вкусно.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сè беше како секогаш кога се враќа од работа: ќе седне малку да здивне, ќе ме распраша како ми минал денот на училиште, ќе почека да дојде татко ми и да се прибере брат ми, па да ручаме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не забележав ништо необично во нејзиното однесување.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Добро, многу нешта за таткото не биле криени од Иван, но постоеле ситници кои биле важни а сепак останале недоречени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еднаш дури и ме праша (но без спремност да дочека и одговор, иако бараше мислење) колку било разумно нејзиното однесување кога само делумно ги задоволувала љубопитствата на синот?...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таквото нејзино однесување пројавено пред заминувањето на збегот, пред разделбата со Добра и Чана, сега, по закопот на старецот е подзасилено и од една внатрешна, органска промена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нејзиното однесување ме потсетуваше на мојата мајка и на односот кон нас, нејзините чеда, која често велеше дека бог ја испратил во животот за да ги спаси своите чеда!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го сфаќам таквото нејзиното однесување, иако не ѝ верувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури, сметам, дека тој го поттикнува ваквото нејзино однесување!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ова им го правам на најшумните - објаснува таа и ги свртува кон мене окрвавените муцки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
– Инаку, нејзиното однесување надвор од брачните обврски со него нему не му е непознато.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Притоа најнеобично се чини нејзиното однесување: не нуди никакви извинувања; а и објаснувањата се сосема недоносени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но што се однесува до самиов случај и нејзиното однесување не можев а да не споменам дека е жално кога ќе утврдиме понекогаш оти и заедничките спомени не сме во состојба да ги споделиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еднаш дури изјави пред мене дека токму нејзиното однесување, однесувањето на Рајна, го спасило бракот на онаа божемна Генералица која којзнае што сѐ си замислувала.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Јас бев радоста за неговите очи“, еднаш се пофали пред мене Рајна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А притоа немате право да помислите дека нејзиното однесување е со предумисла, и дека таа како и другите вешти жени само ја користи ситуацијата за да го истакне својот личен пример.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најтешка ѝ беше осаменоста во текот на ноќта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Поради тоа што за ова време таа не одеше на работа – немаше ни контакт со нејзината директорката, а за нејзиното однесување по нешто дознава од останатите колеги.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, откако на работа, таа почнува да се соочува со многу стресни ситуации, заминува на боледување – кое, заедно сосе годишните одмори, изнесува вкупно 11 месеци, што всушност е и период во кој трае иницираниот судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)