Нејзината тајна му бега под прстите. Неговото лице ѝ бега од погледот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ќе се обидам денес да го завршам нејзиниот портрет.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таа е среќна затоа што знае дека тој никогаш нема да го доврши нејзиниот портрет. 106
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој со сигурност знае дека мора да ја има за себе целата, до последно делче, за да го склопи мозаикот на нејзиниот портрет врз измачувачки белото платно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа никогаш не почувствувала такво слатко треперење од петиците нагоре.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој веќе го гледа нејзиниот портрет како зрачи мека светлина во полутемнината на неговото ателје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа притаено се смешка; уште еднаш ја сочува негибната својата тајна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој е среќен затоа што знае дека веќе ништо не го спречува да го доврши нејзиниот портрет.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)