нејзин (прид.) - соба (имн.)

Сонцето не влегуваше во нејзината соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Наталка, дојди малку мајка, ме викна во нејзината соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш ми се пожали дека не е добра.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми остана во Будимпешта. Два-три дена по закопот на мајка ми ја средував нејзината соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние сите бевме многу зафатени за да ја разбереме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Книгите на чичко Ташко имаа особено значајно место на полиците во нејзината соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„А Вашата ќерка?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се чувствувам засрамена што сум Германка”.  Од нејзината соба се појавува поручникот.  „О, Вие сте Германка?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој не ѝ обрнува внимание, влегува во нејзината соба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никако да ја сфати загриженоста на нејзиниот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш, откако ми се пожали колку е осамена, се послужи и со онаа веројатно од порано стокмена додавка дека тишината во нејзината соба многу се зголемила откако престанала да ми го слуша дишењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сум сигурен дека не го слушна дури ни ова мое неконтролирано вежбање на гласот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Умре а не кажа кој ѝ го направи копилено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до Јана, таа и сега седи во нејзината соба. Поточно во собата до мојата. Самува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе спомнеше и некои недоразбирања што и ги создавала празнотијата и осаменоста во нејзината соба а бев сигурен дека заборавноста не и го беше избришала оној совет што самата ми го понуди, а тоа не се беше случило којзнае кога, туку неодамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Знаеш колку поединци поминале низ нејзините соби, и тоа само заслужни граѓани?“ Токму така се изрази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние влегувавме во нејзината соба и ја уверувавме дека ќе ѝ ја донесеме ќеркичката, но таа како да не можеше да нѐ слушне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Идниот ден отидов кај Зигмунд и го замолив да настојува доктор Гете да ја врати Клара во нејзината соба, и наскоро брат ми ми кажа дека неговиот колега ја прифатил молбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во една од тие среди Берта се симна во собата на Сара и нѐ замоли да се качиме во нејзиниот салон, за да го запознаеме сликарот кој треба да изработи портрети на нивното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш Ерика ги измолуваше медицинските сестри да ја пуштат да дојде од нејзината соба, во собата во која живеевме Клара и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многупати потоа го враќав во сеќавањето тој миг, таа несигурност не само во нејзиното, туку и во неговото држење, присилната воздржаност во погледите, зад која пронижуваа исчекувањето и љубопитноста, и онаа радосна непријатност, составена од среќа и срамежливост, што трепереше по нејзиното кревко лице, и по неговото лице кое се стремеше да изгледа секогаш сериозно, заради што уште во првите години од студирањето тој беше пуштил брада.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да одиме во собата за умирање,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара не им се придружуваше на пријателите на сестра си; кога ја посетував во средите, останувавме во нејзината соба, разговаравме како и вообичаено, и само повремено ќе се заслушавме во гласната смеа, во живите дискусии, или во звуците на пијаното и заедничкото пеење кои доаѓаа од спратот над нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ми рече: „Тоа е затоа што сум анемична.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако ќе влезеше, седнуваше на еден од креветите, од џебот вадеше едно крпче и го ставаше на колената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Блискоста на Сара и брат ми започна при нивната прва средба, уште во мигот кога тој ѝ се приближи во нејзината соба, благо подавајќи ја раката, а таа стана, обидувајќи се да ја одржи рамнотежата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во оној миг кога лагата ќе допреше до нејзината свест, Криста само климнуваше со главата, замолкнуваше, и животот продолжуваше. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога влегов во нејзината соба, во нашата соба, таа седеше на креветот, со перницата в раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш, кога така припиени една до друга чекоревме по нејзината соба, ѝ кажав колку ѝ е убава кожата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш кога некој ќе влезеше во нејзината соба, во текот на разговорот погледот ѝ се вртеше кон масичката, таа забораваше дека безброј пати претходно го имаше повторено истото – “Ова е мојата малечка Лоте,” и ги земаше праменот коса и запчето, ги држеше на дланките, гледаше во нив онака како што децата гледаат во стакленце како во некаква бесценетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш кога ќе требаше да преспијам во нејзината соба оти мама одеше на работа и трета смена, нана ме покриваше со јорганот под кој не можев да мрднам ниту со рацете ниту со нозете.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред прагот на нејзината соба стоеја сите, Рада беше во црвена ноќница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да знаеше - тој ден Васе тропна на вратата од нејзината соба со ново писменце.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Штом отидоа на лекар, кога сум викнала да пеам песни, ја исчистив нејзината соба, сè истресов и сè наместив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ема му се заблагодари за поканата, влезе со Илона во нејзината соба, ја причека да се истушира и веднаш потоа заминаа кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѝ соопшти дека ноќта ќе ја помине во нејзината соба, а наредниот ден претпладне заедо ќе заминат во Метрополата, на средба со Ема во нејзиното студио.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По половина час беа во студиото на Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А кога една вечер отец Иларион го забележа Бонети каде што се вртка пред вратата од нејзината соба, му рече: - Ова е божји дом, полковниче... И таа е божјо чедо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се чудеше како да ја нема во нејзината соба.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Односно дека нејзината соба е еден спрат погоре во таванскиот дел од куќата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Полека станав и на прсти се мушнав во нејзината соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ме одведе во нејзината соба, го отвори црното тефтерче и ми прочита неколку куси реченици нашкрабани со тој нејзин неразбирлив ракопис.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза истрча од нејзината соба, на половина пат до мене ја пушти на земја куклата Марија и ми се фрли во прегратка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Величе тивко ме внесе во нејзината соба и ми соопшти дека не ќе може да излезе надвор цела недела.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сами сте? - се изненади таа. - Милите мои, извинете, имав многу работа денес, - рече и отиде во нејзината соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Прекини малку, - ѝ реков, влегувајќи во нејзината соба, - имам нешто многу сериозно да ти кажам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза им зборуваше нешто на своите „деца“ во нејзината соба, веројатно веќе заборави на немилата случка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да, драга моја Мила, многу е убав, прекрасен е, паметен е, нежен е, незаменлив е овој мој Игбал, ѝ шепнав како да е таа крај мене на килимот. И беше во тој миг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За миг бевме опкружени со стотици нејзини цртежи со кои беа преполнети поличките во нејзината соба, и таа забрзано пребаруваше по нив, очигледно вознемирена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие денови, таа смисли наместо букетчиња од чаеви да плете венчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Леле! – свика Лета и срипа, втурнувајќи се кон нејзината соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По цел ден береше смил, горе високо над ливадата, плетеше златно – жолти венци со разни големини и ги закачуваше насекаде низ куќата, најмногу горе во нејзината соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лета прекрасно црта. Ѝ се случува со часови да не крене глава од хартиите и боите, а под нејзините прсти излегуваат вистински чудества.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што ти стана? – скокнав и јас по неа, искористувајќи го моментот малку да се приберам од растроеноста што ми ја предизвика спомнувањето на Мартин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава беше нашата куќа таква накитена и намирисана со тоа чудно и чудесно цвеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)