нејзин (прид.) - судбина (имн.)

Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството, строго ја пазеше во првата младост и така ја изградуваше нејзината судбина, неразделно од својата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отварајќи ги очите Трајанка за прв пат се пробуди покрај човекот кој беше нејзина судбина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Посакуваше да ја искине страницата во која беше запишана една тажна епизода од нејзината судбина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Целиот овој интерес насочен спрема Македонија и нејзината судбина произлегува, пред сè, од потребата да се зачуваат главно британските интереси на Балканот, т.е. излезот на Егејското Море и опасноста од загрозување на истите интереси во Турција и пошироко во Средоземјето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И идеше кутрата, како последна старица, само таа останата од таа генерација, на нашата страна од границата, на умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Фатмира (Добра среќа), имаше име кое не одговараше на нејзината судбина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Затоа Карамба-Барамба пак ми се пожали: - Бело момченце...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Лепилото ја реши нејзината судбина.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Чанга беше загрижен за нејзината судбина, макар што волкот сѐ уште не се појавуваше пред нејзините очи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѝ се посакало да биде курва, па нека биде: нејзина волја - нејзина судбина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сето ова време, додека ја ослободува перницата од правта, таа е во мислите со ќерката Ивана. Со нејзината судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За Мајка, најголемата слава на Балканот беше во нејзината судбина да си го спаси стеблото на своето семеј­ство, на другата страна од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И дали го гледаш крајот во нејзината судбина на разлики!?“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не престануваше да ни говори, да нѐ уверува дека самотата си е нејзина судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добро што не чекав, помислив. Униформата ќе ја вратат по еден час, исчистена од сета нејзина судбина и патувањата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)