Таа не умира, нејзините тајни, вешто едрат, низ универзумот во нас и насекаде околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ни во еден момент не ја започна темата која можеше да ја разоткрие нејзината тајна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Читам, размислувам за верата, не стигнувам до сите нејзини тајни и вистини.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој притаено се смешка; не ѝ дозволи да му избега со нејзината тајна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа е како дете радосна затоа што не го најде она што го бараше.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имаш ли свој бог, Јано? „Јано, едно дете ми рече дека еднаш бог седел во нивниот двор и сечел лубеница.“ Не можеше да се нурне во себе и да испитува, сега, кога беше сигурно дека двајцата нејзнини богови ќе се сретнат и ќе ја разголат нејзината тајна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И ако се погледне наназад, и внимателно ако го наслушнуваме нејзиниот глас низ тоа минато, ќе надвладее впечатокот дека сиот свој живот таа го има поминато трудејќи се да и се доближи на оваа скапоценост, небото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи небото беше една од нејзините тајни скапоцености.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Познаваше многу од нејзините тајни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Превезот на ноќта паѓа преку планините и ги сокрива сите нејзини тајни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Игра на судбината ли е, што ли е, ама на еден поет навистина му прилега да се роди баш во Улицата на стариот цвеќар, како што и на улицата и личи да си има свој личен поет, вардач на нејзините тајни и ишкач на заборавот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)