Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Преку икра да стане риба, нејзин ќе е сиот Либан.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можев да видам што се случува и да останам невидлив.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со лепило ќе ги залепам и ти вечно ќе имаш спомен на чедото твое; таа слика гробот нејзин ќе го краси за вечни времиња.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тој миг Рада помисли дека сестрата не може да носи повеќе од две бебиња, дека нејзиното ќе го донесе секој момент.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)