нивен (прид.) - алчност (имн.)

Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покрај ова, значително се влошува работната атмосфера и почнуваат да се кршат работничките права на тамошните вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Праксата на ова инстант богатење на директорите значително ја ослабнува фирмата и, после извесен период, почнуваат да се чувствуваат последиците од нивната алчност и неодговорност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)