нивен (прид.) - бездетност (имн.)

Со време почна да се преиспитува дали можеби проблемот не е кај него и дали нивната бездетност не е последица на повторената гонореја, што ја закачи на едно исто место: еднаш како студент, уште при првото телесно искуство во една сомнителна јавна куќа во прикрајоците на градот во која го пречека поостарена, нападно нашминкана дебелникава анимирка што ја доби за евтина цена, и којашто не му го покажа жолтиот картон со седмично извршениот лекарски преглед (и кој, впрочем, во тоа време ни самиот не знаеше да го побара); и вторпат, со една млада бринета на која, пак, жолтиот картон ѝ беше сосем исправен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)