нивен (прид.) - брише (имн.)

За времето кое е предмет на оваа анализа, овој Закон претрпел 10 измени и дополнувања43 и се донесени вкупно 2 одлуки на Уставниот суд на РМ.44 Со овој закон се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и други прашања кои се од значење за вработувањето. (чл. 1) Со измените на овој закон уште повеќе се заоструваат критериумите при водење на евиденција на невработените, се зголемуваат начините за нивно бришење од евиденција, се намалуваат годините кои му недостасуваат на невработеното лице за исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија, а кое според овој закон остварува право на пензиско и инвалидско осигурување, се дефинираат серија на субвенционирања и олеснувања за работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Всушност, хетеросексуалноста е назив за систем на норми што оди многу подалеку од релативно безопасната практика на сексуални односи меѓу мажи и жени. ‌„Стекнатата мудрост, во стрејт-културата“, како што ја опишува Мајкл Ворнер, е дека сите нејзини различни норми се подредуваат, дека една е синонимна со другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, таа не треба да се побрка со бришење на субјективната геј-особеност и културна различност, а нема ни да доведе до нивно бришење. ‌Гејството и понатаму би било отклон во однос на културната норма, во однос на начините на кои живеат повеќето луѓе или на кои очекуваат да живеат и на општествено-културните облици што ги добиваат нивните животи и кои се стремат да ги добијат. ‌Тоа што ги прави геј-луѓето поинакви од другите не е само тоа што сме дискриминирани, малтретирани, што нѐ сметаат за болни или за изопачени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема да ни овозможи да оствариме понастран свет сообразен со нашите копнежи, желби и мечти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената еднаквост на геј-луѓето сама по себе нема да го направи светот геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што јасно го покажува сведоштвото на Квин е дека крајот на дискриминацијата, исправањето на општествената неправда и срамнувањето на сето нерамно постапување со сексуалните малцинства – дури и да се случи – нема да биде исто со крајот на културната доминација на хетеросексуалноста, со исчезнувањето на хетеросексуалноста како склоп од културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)