нивен (прид.) - верување (имн.)

Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но водачите на НОФ и оние подолу најмногу му веруваа и поради тоа нивно верување – настрадаа. Другото се знае!!!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)