Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ве потсетувам на некогашните пионери и нивната грижа за чување и разубавување на природата и ве поканувам на ист таков однос, на поголема грижа, на домаќинско постапување кон сè што е наше, заедничко, та да ни биде убава земјата и нам, и на гостите што ни доаѓаат и на поколенијата што ќе дојдат по нас.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)