Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сепак, тие што ќе ги оцрнам се дел од мојот народ, а јас сум нивен дел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Внимава ниедна да не згази, да не им го земе животот, зашто, знае, кога-тогаш, ќе биде нивни дел, ќе се спои со нив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)