нивен (прид.) - дружина (имн.)

Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Андон се присети за дисагите и ќемерот што го зедоа од авалеџијата на Скала; му падна малку и криво оти не му дадоа токму дел од парите, ама си призна дека не беше тогаш член на нивната дружина, та немаше на тоа право.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)