нивен (прид.) - застапување (имн.)

За среќа, Триманова не беше во онаа група работнички кои првично ги повлекоа тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Триманова – која во моментов води и друг спор против истиот работодавач, но сега по друг правен основ и со нов адвокат (Д. Чакаровска), е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците да немаат безрезервна верба во своите полномошници-адвокати, и почесто да се интересираат за текот на спорот и за начинот на нивно застапување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
9 Целиот процес пред Основниот суд Велес траеше половина година, а воопшто не беше потребно судијата (Ј. Лазаров) да носи првостепена пресуда – бидејќи странките, кон крајот на 2009-та, се договорија спорот да го окончаат на тој начин што тужениот работодавач доброволно ќе и ги исплати неисплатените испратнини за кои е тужен [во висина од 9.185 МКД / околу 150 ЕУР] – сосе парничните трошоци на постапката, без камата, а за возврат тужителката да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)