Било сосема јасно дека партизанските водачи на ЕАМ и на Народноослободителното движење на Албанија "се комунисти и како такви ги шират нивните идеологии во реоните под нивна контрола", но тоа, според нив, многу се разликувало од "систематскиот обид, од страна на делови од некои централни организации, да го комунизираат целиот Полуостров".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нив, не би можело да се изнесуваат "обвинувања против Русите дека го организираат ширењето на комунизмот на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Освен ако не ѝ командува на Маре, доколку таа го заушува, а да не зборуваме за децата, кои се постојано надвор од нивната контрола.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)