нивен (прид.) - крв (имн.)

—А бре, јас а кладу главата в торба ошче кога локна нивна крв, та сега ваша бога, ваша душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Волкот ги имаше во својата уста лигите, што ги носеше во неговаот сон вкусот на нивната крв.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нека биде казнета уште еднаш што се замеша во нивната крв".
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги гледав Ева и Амалија, како да сакав низ нив да гледам наназад во времето, во долгата нишка мајки и ќерки, не само оние мајки и ќерки кои течеа во нивната крв, туку сите мајки и ќерки, од почетокот на човештвото па до тој миг, секоја крв во крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа се свртев и излегов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знај дека сето тоа е создадено во материја, и еден ден материјата ќе згасне, ќе исчезне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите кои веруваат дека ќе бидат бесмртни преку она што го создале – сеедно дали се тоа децата што ги изродиле и кои преку својата крв ќе ја пренесат нивната крв, или пак тоа се уметнички и научни дела – сите тие ужасно се лажат дека така си ја обезбедиле бесмртноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога брат ми се сети на нив, на оние чија крв ја носевме, нивните страдања ги спомена само попатно, кога за тие страдања ги обвини самите нив, страдалниците: “Со тоа тие на некој начин на себе си ја натовариле тешката вина; си дозволиле заради тоа мачно да истрадаат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)