Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат ѝ заработуваше доволно за да го издржува целото семејство и таа повеќе не мораше да продава цвеќиња на градските гробишта; сега се беше посветила на помагање на понижените, но и на нивно освестување за правата кои требаше да си ги бараат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)