Сега, кога сме во состојба да им ја ситуираме геј-привлечноста во поширокиот контекст на сексуалната политика на културната форма, можеме да почнеме да наѕираме еден средиштен елемент во геј-реакцијата кон оние сцени што ги запоставувавме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
13 СЕКСУАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ЖАНРОТ
Да им се навратиме на двете сцени од Милдред Пирс и Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Клучот за сфаќање на логиката на присвојувањето на двете сцени од страна на геј-културата, излегува, може да се најде во еден едноставен и основен факт – макар што е парадоксален: целата драма на судирот мајка-ќерка е судир во кој, по дефиниција, мажите се отсутни.299
Најбрзиот и најлесен начин да се долови целото значење на тоа отсуство е да се размисли колку би бил различен ефектот на двете сцени, нивните значења и нивниот прием да не прикажуваа мајка и ќерка, туку татко и син.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)