Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Всушност, на почетокот јавната сфера се состоеше од еден многу тесен сегмент на европското прото- капиталистичко општество: учеството во буржоаската јавна сфера беше 104 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm 91 ограничена на белите, образовани мажи, сопственици на имоти.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие сметале дека во случај „Македонија навистина да е независна, бугарскиот отпор кон оваа солуција можеби не би бил голем, особено по изгубената војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа значеше исклучување на многу други групи, врз основа на нивната раса, род, класа.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како прва ја наведуваат „изворната солуција застапувана од ВМРО“, која била за „независност на цела Македонија, базирана на еднакви права и во однос на сите нејзини жители, без разлика на нивната раса“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)