Може, затоа што нивниот свет, ако ништо друго, ќе биде свет на нормалност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По оваа историја, тие се смирија и започнаа сѐ поретко да се појавуваат. Сега сум сам.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Полковникот не се брои, тој не припаѓа во нивниот свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во градината шета со очите и ги следи бубалките што лазат крај него, ги пофаќа, ги става на дланките, им ги сеќава намерите и маката да дојдат до храна, да се борат за својот гол живот, за опстанок и се соживува со нивниот свет.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нивните улици се состојат од автопатишта. Нивниот свет се состои од шопинг-молови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми свето се грижеше за неговите книги, но никогаш не сакаше да навлезе во нивните светови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)