Којзнае шо ќе стане со нас по ваа ѓурунтиа! — се приближи Бешот до вистината на блиската иднина на сите оние што учествуваа во бунтов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нивната сила се виде. Народот разбра со кого има работа, та тешко ќе биде сега да се повела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)