Така Беркли, како и Лок и Хјум, смета дека ние можеме да ги спознаеме само нашите перцепции, но прифаќајќи ги нив како самата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Декарт смета дека ние ги спознаваме само нашите идеи, или ментални слики, и дека затоа имаме потреба од процедури што би ја верификувале нивната соодветност со нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)