нивен (прид.) - сопственост (имн.)

Мислат дека сѐ што ќе дофатат станува нивна сопственост. Вистински буржуи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние мислевме дека е тоа нешто ново, но всушност тој беше во право. (23.04.1980) ◊ Одам на посета кај многу луѓе кои за уметничките дела во нивна сопственост велат, “Ова е она што ми се допаѓа”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Преминувањето во ислам им гарантирало дека ќе ја одбегнат можноста еден ден да биде доведена во прашање нивната сопственост над недвижниот имот, како и вршењето на стопанска дејност во градот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Партиите бараат театрот да им припадне затоа што сметаат дека сѐ што може да им ја утврди популистичката политика, треба да биде нивна сопственост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)