Изгледа дека се впуштиле во културните практики на машката хомосексуалност долго пред да се впуштат во сексуални практики – пред да ја достигнат сексуалната зрелост, почнале да мислат дека се геј (или стрејт) и стапиле во контакт со некоја од формалните или неформалните институции на геј-друштвеноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите не престанале да наоѓаат геј-значење во женските икони, од Златните девојки до Очајни домаќинки и до Лејди Гага.376
Како оние мои геј-студенти и пријатели што ги споменавме, многумина (и хомосексуалци и хетеросексуалци) што израснале по Стоунвол сѐ уште јавуваат дека во детството изградиле настрани односи со предмети од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еднакво пресудно ќе биде и психологијата, било онаа популарната, било некоја друга, да не нѐ оттргнува од овој длабоко општествен процес на обликување на субјектот, не само затоа што психологијата е склона да го медицинизира и да го патологизира општественото дисидентство, особено сексуалното дисидентство, туку затоа што тука не се занимаваме со поединечен ментален живот, туку се занимаваме со колективни структури на чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нашиот општествен модел на машки геј-субјективитет ќе мора некако да го објасни тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што воопшто не е јасно е како културниот отпор или настраната противакултурација се одвива во рамките на еден хетеронормативен контекст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вил Фелоус собрал многубројни речовити лични сведоштва за тој ефект, документирајќи ги и силината и сеприсутноста на таквите перцепции, со особен осврт на историското конзерваторство и архитектонското реставраторство: „Уште како дете, кога растев во неугледна фарска куќа, имав око за поинтересните и попривлечните градби“ (29); „Геј-мажите се многу усетливи за убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)