А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Името, пак, на таа нивна сурија постојано го менуваат, те вакво, те такво, те како некое страшно ѕвериште, те како некое грабливо птичиште, те некои имиња од оние познати освојувачи во историјата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)