Меѓутоа, нашите момчиња одбиваа да го прават тоа, одбиваа да земат заклетва и да отидат да се борат на страна на некого кој ја имаше завојувано нивната татковина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, кај Македонците името Бугарин е фалшива монета со која тие им плаќаат на Бугарија и нејзиниот кнез и на нивната татковина и нивниот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа Македонците во Србија се откажаа од една јавна борба со Србите, но со тоа тие не се откажаа од интересите на нивната татковина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лежејќи загледани нагоре тројца војници си одбираат по една ѕвезда и секој ам се искачува кон неа Три жолти цветови се нишаат на ридот пред нив како три слатки збора на нивната татковина Утринум, една песна за неа и кришум место точка на крајот на песната ЧЕКАЈЌИ ГО СИНОТ „Сите патеки во пеколот да би раззеленеле чекајќи те“ (Ирска здравица) Таа со бела шамија на главата Тој со бели коси Седнати еден спроти друг Под дрвото во дворот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Последните гласови од она што некогаш беше нивна татковина допреа само да ја донесат веста за пропаста на Големото царство, уништено без милост, со истите оган и бес со кои и самото сотираше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Беа качени на чардакот кога тој ја крена раката за здравица и го рече она за небото и за ѕвездите, и навистина ти велам, многумина од тие сериозни Козаци и Белогардејци се расплакаа, и со свои очи видов како сите се свртија на Исток, каде и сега се наоѓа нивната татковина, и се прекрстија по трипати, а потоа се поклонија кон тој нивен Исток, и тоа личеше на простување, на последно збогување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
” Игора Лозински го носеа брановите на судбината до Босфорските брегови, со белогвардејските давеници кои се спасуваа од нивната татковина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Нивната татковина е семејството и тезгата!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко со истиот занес продолжи, не кажувајќи која е неговата конечна цел, каква порака сака да ѝ упати на Мајка, а да не ја каже со директни зборови: – Земјата во која растат и се вкоренуваат нашите деца не е нивна татковина, а земјата која ја напуштивме, не е нивна држава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)