Готови се да ме осудат на најстрогата казна, повеќе никогаш да не пишувам, затоа што со своите постојни и измислени ,балканизми невозможни амалгами, свесно сум ги мешал балканските јазици, особено мајчиниот и другиот јазик на кој пишувам загрозувајќи ја нивната чистота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, овие двајца не знаат за расипаност. И таа нивна чистота ја смекнува строгоста на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Надвор плискаше дожд и ги миеше камењата а нивната чистота сѐ појасно се покажуваше во бербатната вода, собрана во шеталиштето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И добро знам, во завршниот дел на обвинението и небеските ,руристи и земските ,патриоти, наспроти полиглотите кои се сметаат за лоши патриоти, со големо уживање и најчиста совест ќе ме осудат за моето упорно ,балканско мултијазичие, за сакатењето на јазиците на кои пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)