И покрај тоа, ние сè уште го зборуваме нивниот јазик“. „Има ли новости од Солун?“ - се обидува да ја смени темата Нина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттука, сѐ поголем број на британски и северно-американски студенти кои ги читаат преведени делата на грчките и латинските автори, или ја учат значајната проза од деветнаесттиот век или драмските текстови од дваесеттиот век, ги третираат преведените текстови како да се напишани на нивниот јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И тој меѓу нив се чувствува како дома, го зборува нивниот јазик, ги вреднува нивните умешности и го цени нивниот труд.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Црнците прашаа: - Окак? Тоа на нивен јазик значеше „како“ и јас веднаш нацртав крокодил и она што е најважно, а да не е ни пушка, ни топ, ни голем ѕид.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Човекот што дојде до џунглата застана пред мене, испотен и црн како бубалка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Бев горд што ме сметаат за семожен и, како знаев нешто малку да зборувам на нивен јазик, прашав: - Како може лав да изеде човечка сенка?
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тие живееја во Грција како национално малцинство, а нивниот јазик е словенски.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Господине – продолжив – јас во мојата работа сум поминал низ многу гранични премини во Европа и во светот и секаде ме прашувале како сум, како патував и ми пожелувале убаво да поминам во нивната земја никоја и никој не ми рекол дека треба да зборувам само на нивниот јазик затоа што земјата е нивна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со години во себе ја носев големата желба да одам во Корча и на тие луѓе на нивниот јазик да им речам - faleminderit и на мојот: благодарам!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Колата со туѓи регистарски таблички и со луѓе кои не го знаат нивниот јазик – е сомнителна работа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Понекогаш му се чинеше дека нивниот јазик го зборува подобро и од својот и македонските зборови сосема природно му доаѓаа кога сакаше да каже нешто, дури и пред оние на неговиот мајчин јазик.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како капак на сè им дојде кога мојот избраник од минатото кој трае, потстана, се исправи и им се обрати на нивниот јазик.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Си рекол со умот Силјан да не му прогоори, ами да му се поклони, чунки чу оти тие си прогоориле по нивнио јазик.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, остајле косите и си прогоориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во нивниот јазик зборот надеж изумрел или е сосема туѓ, неразбирив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Балканците, на пример, сепак во нивниот јазик ќе имаат доволно зборови од османската епоха, кои на пример, на еден Грк и Албанец, ќе им овозможи каква-таква комуникација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кој да го разбере нивниот јазик?!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Звуци: една Марија за сета таа војска, за сите тие уморни лица, една Марија, на нивен јазик Лили Марлен, - и бои за кои окото се вкочанува, станува рамнодушно слепо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Си рекол со умот Силјан да не им проговори, ами да им се поклони, чунки чу оти тие си проговориле по нивниот јазик.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Јас, Нумо, војникувајќи и лежејќи по затвори и влечен по полиција и жандармерија, добро го научив нивниот јазик и доста сум читал.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Навлези подлабоко во тајните на боите: секогаш доотворај им ја нивната скриена моќ, доразви го и дообогати го нивниот јазик, фати ја нивната магија, нивното волшепство...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)