ниеден (прид.) - доба (имн.)

Толе, од лутина, од бес што таа не е замината од куќата, што уште го чека, го удираше со сета сила ѕвонарот на црквата во ниедно доба, ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„И еве пак е ноќ и пак е ниедна доба“ (Б. Конески)
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Кога бевме толку нагнетени во утробите што мислевме ќе ни пукнат како надуени гајди, во ниедна доба се простивме од гостилничарот и воденицата, па којзнае како се извлековме од темницата на патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Вистина така је, девојко: кај што има сила, правина немат!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ами ти како си и што бараш во ниедна доба да идиш на вода?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Треба да се спаси разноликоста, а не историската содржина, што ја дала секоја доба и која што ниедна доба не може да ја сочува вон своите граници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Толеранцијата не е контемплативен став, што дели проштевања на сѐ што било и што е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Треба, значи да се слуша тревата како расте, да се поттикнат сокриените можности, да се разбудат сите склоности кон заедничкиот живот што ги чува историјата; исто така треба да бидеме подготвени, без изненадување, без отпор и без опирање да се соочиме со необичното, што сигурно ќе го донесат тие нови општествени изразни облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)