Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Повремено немаше никаква мисла во главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дине само еднаш подзапре, само еднаш ја сврте главата на друга страна од штицата, само тогаш кога почувствува дека зад него стои сосема непознат човек оти тој што беше зад него немаше никаква мисла во својата глава што можеше да биде непријатна, уште пред да се сврте знаеше дека човекот ужива како тој си ја обезбедува куќичката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тонеше по плавната синевина, за сето време додека немаше никаква мисла, без и најмалечка желба за движење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И никаква мисла во неговата глава не му вели: „Крени ја раката, отвори ја устата, стани...“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)