Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Срцето му затупа посилно, но рацете цврсто ја стискаа берданката и никаква тревога или расејаност не доби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)