„Естетика - да, етика - не“, како да вели Гринавеј, длабоко свесен дека токму игнорирањето на досегашниот, „христијански“, етички концепт (полн со лицемерие, одминати вредности, петрифицираност) може да значи барем назнака за еден друг, посоодветен на ова време на дезориентираност, па и ако го наречеме „естетика“, тој нов концепт, таа нова вера.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зависен од Централата – Џ.Џ. всушност не престануваше да дава аргументи за поразот на победниците, за претворањето на земјата во цветна градина со бункери, за преобраќање на народот во новата вера – идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Делови од нашето пошироко семејство сигурно заминаа во Италија, а други делови со новата вера беа упатени на земји крај Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се раздели вудве, едниот негов крак замина преку морето со старата вера, а другиот крак со новата вера се насели на брегот на Охридското Езеро, близу до манастирот Свети Наум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и западни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Предците, без оглед на новата вера, се приврзаа за Манастирот, во периодот кога дебнеа опасности од натрапници, дури се ставија и во негова одбрана…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Макар дојдени со новата вера, припадниците на семејството имаа задржано обележја и од старата христијанско-православна вера.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Фарисеите го жртвуваат
Вештиот на реч
и Моќниот на дело -
за да не им стои на патот и
да не шири нова вера.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)