Дека ти треба промена за да се стекнеш со нова илузија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуверам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така во еден период при посетата на бродот Галеб во туниското пристаниште близу Ла Гулет, каде што беше пренесена статуата на Хабиб Бургиба на бел коњ, донесена од центарот на градот, по падот на бургибизмот, а некогаш донесена во Тунис токму со бродот Галеб, како дар од југословенскиот пријател Тито, станував и самиот дел на една процесија на мртвиот владетел, чија исчезната реалност, сакаше да се оживее, да продолжи во времето како нова илузија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, од премногу директно соочување и пресметување со балканската историја, го имаше добиено чувството за нејзината завршеност, секогаш подготвен за нова илузија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)