нов (прид.) - казна (имн.)

Се мачи да се одлепи, невината, го поткрева главчето, прпелка со крилцата, и секој обид одново да погледа кон сонцето - е нова казна: стежнува нејзиното тело, сѐ подлабоко и побезнадежно само се заробува во смолата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И враќањето за спасениот од смртта, било нова казна, кога тој повеќе не можел да си ја познае ниту родената мајка, љубената, децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски замислено го слушаше Татко, продолжуваше да се чувствува како доброволен извршител на судбината кој се нашол на крстопатот од лавиринтот на земените зборови коишто го заведуваа во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)