Негативните последици од ваквото право кое можат да го користат само работничките, се двојни и тоа, прво, имаме дискриминација на работниците - мажи во однос на нивното право на родителство и второ, ја поттикнува традиционалната улога на жената како мајка и негувателка, која се грижи за домот, растот и развојот на децата; б) за прв пат се предвиде нова категорија на „специфични ризични групи“ работници кои вршат работи со зголемена опасност по нивното здравје и уживаат посебна заштита и тоа: (1) младите лица; (2) повозрасните работници и (3) инвалидните лица.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сепак, јасно и неспорно е дека нешто се сменило во текот на дваесеттиот век. Родовата инверзија морала да ѝ направи место на една нова категорија: „хомосексуалноста“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)