нов (прид.) - комитет (имн.)

И додека Толевци кркаа од бравите, кокошките и мазниците во сред Градешница, муљазимот со аскерот топеше пексимид на Налевата бичкија во Уруп и ги распрашуваше трупарите каде се крие арамијата Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, Пеце и ти Трајче, одете еден на Пешча, еден на Црквишче — да вардите да не се врати муљазимот однекаде, та да направиме ошче денеска попара без мас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се провикна Марко, а Толе слезе од ѕитчето и му честита на новиот комитет во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)