Над широката работна маса, врз која беше послана зелена простирка од чоја, беа налепени нови пароли: Со Сталин во комунизмот!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Затоа ние децата се плашевме од новите пароли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На ридовите, врз бункерите, насекаде на патот ќе нѐ пречекуваат нови и нови пароли: Со Сталин до вечноста!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со парите од еден споменик можеа да се изградат 5 фабрики, гласеше новата парола на црвените глодари.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И тука во Ташкент, нашите големци, тие од политиката, фрлија нова парола: “Ќе го победиме империјализмот, градејќи го социјализмот!”... и умот ни го месеа така, како што се меси тесто... Знаеш ли како се меси тестото?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Уште не е засушена бојата по ѕидовите од новите пароли против Југославија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)