Беше јасно дека новите победници наложуваа нова религија, нови светци, нов Бог со нови облици на жртвување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во тоа Татко го гледаше чистиот континуитет на јаничаризмот, колку што беше голема немоќта да се открие вистинскиот континуитет кој одеше кон обединувачка апотеоза на прекинатите развојни линии, при што зајакнуваше илузијата кај новите победници - да го наложат погрешниот континуитет кој почиваше врз утописки основи, за да го достигнат, вистинскиот, органскиот континуитет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Чанга гледаше голема несреќа во намерата на новите победници да ја нацртаат на хартија идејата на социјализмот, како план, и да им ја фрлат на луѓето, како нивна последна грешка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зошто удрија новите победници на козата, на светото животно на сиромасите на Балканот?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, сега во овој половина век на европското пресоздавање и згуснување на границите, јагулите го водеа кон Америка, кон новата Империја, наспроти Советската, која изронуваше во историјата со новите победници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)