Новонастанатата состојба со формирањето на македонската федерална држава во рамките на југословенската федерација, пред британската дипломатија отворила едно многу сериозно прашање на кое требало што побрзо да се најде одговор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бидејќи во август 1944 година војната сè уште траела, тоа била една од причините Велика Британија да се однесува многу внимателно со македонското национално прашање, сè до новата поделба на интересните сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овој судир се изострил меѓу Германија и Велика Британија кои станале главни противници за светска доминација.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во тоа време, на студена војна, кога среде Европа беше спуштена железната завеса, кога таа се наложуваше како неминлива граница помеѓу народите, Цветан Горски, знаеше дека во земјата имаше умови кои се противеа на новата поделба на сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако тргнеме од претпоставката дека нашето општество разликува два основни менталитета: примитивен (кој се потпира на чувствата) и цивилизиран (кој се потпира на разумот), ќе дојдеме до свеста која продуцира нова поделба: на луѓе наклонети кон масовната култура, и на такви кои и припаѓаат на интелектуалната елита.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така и Кејџ ги менува улогите на учесниците во доживувањето на уметничкото дело; во новата поделба композиторот повеќе не диктира еден заокружен, конечен облик кој потоа низ интерпретацијата скрупулозно се пренесува до слушателот исполнет со стравопочит, туку прави нешто радикално поинакво - тој го поттикнува создавањето на автентичното слушно искуство, за кое и интерпретаторот и слушателот мораат сами да се погрижат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Особено агресивна за нова поделба на светот била Германија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)