Не дека не чуле за разочарувањата на трагачите по белосветски тајни ама сакаа лично од Моцарт да чујат како сиве овие векови го поднесува она што му се случува, а пред тоа, како што е редот да не се заборават кредитните картички со кои некако најлесно се купуваат тајните спакувани во црвени шестоаголна кутии на чијшто капак е сликата на Моцарт и со кои најубаво се облажува душата додека се труцкаат на задното седиште на автобусот забревтан кон скривалиштето на новите тајни.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)