Така, притисоците што ги чувствуваа врз себе, но и општата напнатост којашто ја споделуваа со останатите, Шабтај и Јаков и другите битолски занаетчии и жители на двете еврејски маала ги поднесуваа молкум, на начин што подразбираше подготвеност за нови тешкотии. Рена и Шабтај ја привршуваа вечерата во тишина, кога по тесните искривени дрвените скали се слушнаа брзите крцкаво најавени чекори на Јаков.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И покрај новите тешкотии во зборувањето, тој си остана и натаму доследен на внатрешниот диктат на тишината...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
„Неказнето по серпентините?!“ Секој обид да се совлада некоја нова тешкотија е придружуван од оваа желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секое доаѓање на газдата за нив значеше нови незгоди, нови тешкотии.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)