нов (прид.) - тип (имн.)

Од 1910 под влијание на скулптурите од Јужното море и на индиското ѕидно сликарство Ајантас (V- VII век н. е.) почнува да го нагласува волуменот на телата и да применува соседни наместо комплементарни бои. 1911 се сели во Берлин, и под влијание на неговата идна сопруга Ерна Шилинг почнува да слика нов тип витки жени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со тој нов тип на опис се спасува од заборав бујноста на едно искуство, но и се поткрепува листата на мотивот на загубата и физичкото исчезнување (експлицитна како носечка во филмот “ZOO”, како и во „Стомакот на еден архитект“ и „Давењето по броеви“). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 39
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уметноста на виртуелните машини без тешкотии можеме да ја поврземе со сегашните трендови за естети­зација (политика, јавност, стока, активности во слободно време, информа­ции...) и посебно со оние процеси на новата сензибилност, кои се темелат на ширењето и дополнувањето на „природната”, дадена, фактичка осетливост.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла Virilio развива и концепт на нов тип на војна со слики и тонови, која ја заменува војната со проектили, и се темели на судирот со виртуелните, со кинетичка енергија придвижени објекти, за кои веќе не е можно (радарски) да се лоцираат и идентифицираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не е ниту едното ниту другото: тоа е нов тип на ентитет, за којшто треба да се напишат нови закони.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Затоа тој создаде нов тип на математика, топологијата, која е некаков тип геометрија што се бави со постојаностите и врските меѓу променливите величини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со силно разбирање на јавниот контекст, неговото впишување на алтернативни семиотички содржини во градот преку интервенции во јавниот простор воспоставува нов тип на однос помеѓу урбаната топографија и јавната уметност. 5.4.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова исто така може да резултира со нов систем на асоцијации надвор од подрачјето на веќе воспоставените, канонизирани форми“.143 Според Димитријевиќ, уметникот е првенствено некој кој дејствува во јавен простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)