Дури откако војската се оправи со нови униформи, Баге се добра до чизми со изедени потпетици, виндјакна со десетина џебови со бриџ - панталони што се клаваа на сарите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа, како жртвуван пион на шаховска табла, го преместуваа по потреба на мигот или по намиг на командантот - од едно место на друго, колку да пополни некоја дупка во откриена празнина, да врзе алка во синџирот со ортомче, а не со желевце - сè додека не се најде со старите другари од гимназијата, од кои преживеаните веќе беа важни личности, односно личности од теме до петици во нови униформи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои добија нови униформи и чизми, чисти и болскливи - суратот да си го видиш како во огледало.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ноќта спроти дваесет и први април го запаметив денот, ни дадоа нови униформи и автомати.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Поминавме низ Штрково, потоа низ П’пли и ни рекоа да застаниме во шумата над џадето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)