нов (прид.) - учебник (имн.)

Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На учителот му зедоа поадатоци кога е роден, каде е роден, колку години бил на служба и во кои места, а потоа му ги собра сите српски учебници и книги и ги изгореа; му рекоа: ќе добиеш нови учебници - бугарски.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)