Облечена во новиот фустан, што си го купи од платата, застана пред огледалото да види дали фризурата не ѝ се расипала.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А кога ѝ даде на Маре точкици за текстил, таа беше во облаци па веднаш се согласи да се регистрира со него во новиот фустан.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тоа, веројатно, и заради малку поотворената боја на новиот фустан која како да се прелеваше во две, еднаш темно сина, еднаш азмајно сина со одвај назначени ѕвездички извлечени со црни линии.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Фала му на Бога што ги отворија овие кинескиве шопови, па ламби столни имаш колку сакаш за ич пари да купиш, ама нов фустан и штикли, кошула за овој и, да, чорапи доколенки... не ќе оди во гети, па кога ќе задигне ногавицата на панталоните сите сватови да посакаат на депилација да го носат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Направила нов фустан, без ракави и одгрлен, сета е како пеперуга.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)