Чапаев, со најголема прецизност, ги погаѓаше и најскриените Таткови мисли кои тој не се осмелувал да ги искаже, особено кога велеше: - Бргу ќе дојде времето кога овдешните луѓе, но и соседите, во потрага по нова хармонија, со право ќе си го поставуваат судбинското и драматично прашање: кои биле, што биле, пред сто, двесте, триста, четиристотини, петстотини години?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А должноста на критичкиот интелектуалец - ако во денешниот „постмодерен“ универзум таа синтагма сè уште има некое значење - е токму во тоа, дури и кога ќе се стабилизира новиот поредок („новата хармонија“) и кога повторно ќе ја направи невидлива празнината како таква, постојано да го зазема местото на таа празнина, т.е. да ја задржи дистанцата спрема кој било означител-господар.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)