новинарски (прид.) - клуб (имн.)

„Имаше систем во импровизацијата – ја исправаше тета Дитка од терасата, каде што го следеше „Дебатниот новинарски клуб“: - Односно, умееше да го употреби занесот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)