Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓу новински интервјуа, некои посебно значајни, што подоцна ги даваше за различни весници, Цви Корец најмногу се сеќава на овој разговор. И ете: Ечат улиците на Жешов со извиците на продавачите на весници што забрзано се пробиваат низ реката минувачи по главната улица, по која освен разгргорен јидиш се говори и построг полски и несовршен германски.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)