нормален (прид.) - ги (зам.)

Сите нормални ги избегнуваат ноќните клубови откако јавно се обзнани дека се под контрола на тајната полиција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето кои стојат на брегот на нормалноста честопати се чувствуваат туѓи едни со други, но знаат дека делат еден ист брег и една иста реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)